Светското производство на вино е најниско ниво во последните 60 години

Светското производство на вино во 2023 година се очекува да биде најниско во последните 60 години поради слабата жетва која е забалежена во јужната хемисфера и кај некои производители во Европа, објави денеска Меѓународната организација за вино и вино (OИВ).

Во прелиминарната прогноза на ОИВ, се наведува дека светското производство на вино годинава, без сокови и шира, ќе биде меѓу 241,7 и 246,6 милиони хектолитри (mhl), додека просечната вредност се проценува на 244,1 mhl.

Доколку се остварат предвидувањата, глобалното производство на вино ќе биде за седум проценти помало од 2022 година и најниско од 1961 година, кога во светот беа произведени 214 mhl, додава ОИВ.

Еден хектолитар одговара на количината на вино што може да се собере во 133 стандардни шишиња од овој пијалок.

Треба да знаете
Последни објави