Македонија ЃП, Воска и Тиквеш се пласираа во полифиналето од фудбалскиот Куп на Македонија, откако во 90 минути ги елиминираа Силекс, Брегалница и Брера. Последниот патник ќе биде познат по утрешната пресметка меѓу Работнички и Шкупи.
Бранителот на трофејот во ова натпреварување Македонија Ѓорче Петров го совлада Силекс (1:0) со погодокот на Алтин Алији во 66. минута. Воска направи историски успех, првпат ќе игра во полуфинале во Купот откако во Штип ја совлада Брегалница (1:0) со голот на Јашаровски во 69 минута. Претходно штипскиот тим остана со фудбалер помалку откако голманот Кире Новаков заработи директен црвен картон.
Тиквеш по подобро изведување на пенали ја совладаа Брера, натпреварот во регуларниот тек заврши 1:1. Велинковски на крајот од првото полувреме обезбеди предност за Брера, а на почетокот од вториот дел Куреж израмни на 1:1. Во пенал серијата голманот на Тиквеш, Ренер беше херојот, го одбрани ударот на Ѓорѓиевски во осмата серија.