Триумфален старт за Ѓорческа во Ираклион

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го стартуваше фјучерсот во грчкиот град Ираклион, совладувајќи ја денеска во првото коло квалификантката од Германија, Ана Габриќ со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 7-5).

На Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, за пласман во второто коло ѝ беа потребни два часа и шест минути.

Двете тенисерки натпреварот го завршија со по пет двојни сервис грешки, а Ѓорческа го имаше единствениот ас на дуелот.

Утре во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од пресметката домашната тенисерка Елени Кристофи и Шпанката Андреа Лазаро Гарсија.

Турнирот во Крит се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави