Во понеделникот биле повикани лекари од Итна помош од вработени во приватна белградска фирма и рекле дека Н.П. (47) не дава знаци на живот.
Го пронашла колешка која ги алармирала другите колеги. Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
На телото немало видливи повреди кои би укажувале дека смртта била насилна. За случајот е известено Вишото јавно обвинителство кое нареди обдукција.
Првите резултати укажуваат дека се работи за природна смрт, пишува Телеграф.