Директорот на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), Филип Лазарини, денеска изјави дека е загрижен поради ризикот конфликтот од Појасот Газа да се прелее во регионот.
Тој додаде дека „врие“ во окупираниот Западен Брег.
Лазарини наведе дека има потреба од значителна континуирана хуманитарна помош за Појасот Газа, вклучително и гориво. Според него а помошта што доаѓа преку граничниот премин Рафах, меѓу Газа и Египет, е недоволна, додавајќи дека треба да се отворат сите премини во енклавата.