Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше денеска во четвртфиналето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, откако во второто коло ја победи Шпанката Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови (7-5, 6-0).
Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот во Крит, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри тенисерки за еден час и 35 минути игра против шпанската противничка.
За пласман во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра против Романката Кристина Дину, која со 2-1 во сетови славеше победа над сонародничката Александра Игнатик.
Во меѓусебните мечеви скорот е 3:2 за Ѓорческа, која има победи на последните три дуели.