Мицкоски – Норман: Извештајот на ЕК нотира дека нема борба против криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и канадскиот амбасадор во земјава Гилес Норман, на денешната средба зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања, информираат од најголемата опозициска партија. 

– Претседателот со жалење констатира дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, нема борба против криминалот, и оти власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, информираат дека Мицкоски ја истакнал посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за влез на државата во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не, како што велат од партијата, на диктати.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарил на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изразил надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина

Треба да знаете
Последни објави