Холивудската актерка Никол Кидман беше една од главните ѕвезди на 57. доделување на кантри музички награди во Нешвил, каде што се појави во придружба на нејзиниот сопруг и пејач Кит Урбан.
56-годишната оскаровка малку ја изненади публиката со својот моден избор, нејзиниот фустан имаше повеќе материјал на предната страна, а големото деколте го разоткри голиот стомак. Она со што дополнително го привлече вниманието е нејзиното замрзнато лице за кое долго време се зборува дека е поправано со естетски зафати.
Парот застан на црвениот тепих на неколку заеднички фотографии, а потоа се упатија кон главната сала пред церемонијата, одржана во арената Бриџстоун.
Никол некогаш беше позната како една од најубавите жени во Холивуд, но за жал и таа не можеше да одолее на шармот на естетската хирургија. Така, во последните години нејзиниот изглед најмногу шокираше, бидејќи по бројните операции повеќе не личи на себе.
Поради оваа причина таа веќе извесно време е мета на критики во јавноста, бидејќи на никого не му е јасно нејзиното лице без ниту една брчка, а иако не крие дека оди на ботокс, таа негира други процедури. Минатата година таа ги шокираше обожавателите со нејзиното појавување на насловната страница на магазинот Vanity Fair, а тогаш критиките главно беа насочени кон нејзиниот непримерно разголен стајлинг и фотошопирано тело.
Кога излезе серијата „Breakdown“ во која таа брилјираше со својот колега Хју Грант, сите почнаа да коментираат дека претерала со ботоксот, па дури и професионалците рекоа дека е очигледно дека имала неколку зафати.