Папата Франциск денеска, за време на средбите во Ватикан со членовите на Коњаничкиот ред на Светиот гроб од Ерусалим, го осуди „огромното страдање и смрт на невини луѓе во местата каде што живеел Господ“.
„Ние сме тажни сведоци на трагедијата што се случува токму на местата каде што живеел Господ, каде со својата хуманост не научи да сакаме, да простуваме и да правиме добро на сите“, рече Папата.
Тој ја изрази својата благодарност и почит кон сите членови на Редот расфрлани низ светот, пренесува Ватикан њуз.
Папата ги покани да бидат Ред кој „силен по својот идентитет, учествува на најубав начин во тајната на милосрдието, отворен и достапен, подготвен да ги преземе оние услуги што Господ ги бара преку потребите на нашите браќа и сестри .
Потеклото на коњичкиот ред на Светиот гроб од Ерусалим датира од Првата крстоносна војна, кога неговиот водач Годфри де Бујон го ослободил Ерусалим.
Членовите и раководството на Редот и служат на Католичката црква и вршат дела на милосрдие за да го одржат присуството на христијаните во Светата земја