Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона со пресврт го совлада Алавес со 2:1 во 13. коло од Ла Лигата. Гол-мајсторот Роберт Левандовски се разбуди навреме и со два гола во 53 минута и од пенал во 77 минута, ја обезбеди очекуваната победа на Монжуик, каде гостите со гол на Омородин по само неколку секунди игра поведоа и на одмор заминаа со предност.
Полскиот интернационалец немаше дадено гол уште од 23-ти септември, а вечерва конечно го прекина постот и тоа со два погодоци.
Каталонците одиграа многу лошо во првото полувреме. Алавес не го издржа притисокот и остане еден од шесте тима во шпанската Ла Лига кои сезонава немаат победа на гости.