Владата на палестинското исламистичко движење Хамас вечерва соопшти дека 11.180 Палестинци загинале во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
Меѓу загинатите има 4.609 деца и 3.100 жени, а ранети се 28.200 луѓе.
Според податоците на Министерството за здравство на Хамас, од петокот, бројот на загинати во Газа бил поголем од 11.000 луѓе, повеќето од нив цивили, меѓу кои и многу деца.