Израел ја забрани либанската телевизија Ал Мајадин

Израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи потпиша указ за прекин на емитувањето на либанскиот телевизиски канал Ал Мајадин, но се воздржа да го стори истото за катарската телевизија Ал Џезира.

Документот беше потпишан откако израелскиот безбедносен кабинет ги одобри правилата со кои се дозволува владата да  суспендира странски телевизиски канали за вести доколку нивните дејствија и штетат на националната безбедност на земјата.

Воздржувањето од екстремни дејствија во однос на катарскиот канал Ал Џезира беше предизвикано од фактот дека забраната на каналот може да доведе до криза во односите меѓу Израел и Катар, што не е поволно за еврејската држава. Доха е активно вклучена во преговорите за ослободување на заложниците кои во Појасот Газа ги држеше радикалното палестинско движење Хамас.

По одлуката на израелскиот безбедносен кабинет, министерот за комуникации Кархи исто така побара од командантот на израелската армија на Западниот Брег да ги затвори таму канцелариите на Ал Мајадин.

На прашањето зошто таквите чекори не се преземени во однос на Ал Џезира, портпаролот на Министерството за комуникации кратко одговори: „Кабинетот за безбедност не разговараше за ова“.

На 15 октомври, една недела откако Хамас ја поттикна војната во Газа со прекугранични убиства и киднапирања во јужен Израел, Кархи рече дека ќе побара одобрение од кабинетот да ги прекине емитувањата на Ал Џезира. 

Треба да знаете
Последни објави