Рих: Седум бебиња и 27 пациенти починаа во болницата Ал Шифа

Заменик-министерот за здравство во Појасот Газам Јусеф Абу Рих денеска изјави дека од саботата до денеска во главната болница во енклавата, Ал Шифа поради недостаток на електрична енергија починале седум предвремено родени бебиња и 27 пациенти на интензивна нега.

Болницата Ал Шифа на 11 ноември беше мета на вооружени судири помеѓу Израел И Хамас. Болницата соопшти дека за време на судирите имало 39 предвремено родени бебиња и оти медицинскиот персонал со рачна масажа ги одржува во живот тешките пациенти.

Британската телевизиска мрежа Би-би-си денеска објави дека болницата останала и без гориво и оти нема контакт со персоналот.

И Светска здравствена организација соопшти дека нема контакт со вработените во болницата.

Израелската армија ги отфрли обвинувањата дека ја нападнала болницата Ал Шифа, но ги призна судирите со борците на Хамас во областа. Израел постојано го обвинува Хамас дека оперира од тунелите под болницата, што палестинското движење го негира. 

Треба да знаете
Последни објави