Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како Титаник 2, по одржаната јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т., Б.И., В.С., С.С..и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција. Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. , носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП“, соопштија од Апелациониот суд.
Сашо Мијалков нема да одговара за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот на поранешното СЈО заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните, па кривичното дело за кое беше обвинет сега е застарено. За останатите обвинети, Апелациониот суд ја преиначи пресудата, и затворските казни им ги замени со условни.
Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајковски беа осудени на затвор од по 2 години.
Случајот Титаник 2 се однесува на изборни нерегуларности.