Ако понекогаш не одговорите на мејл затоа што не ви се типка цела порака Гмаил има решение и за тоа.
Мејл клиент на компанијата „Гугл“ тестира опција благодарение на која ќе можете, на андроид, да одговарате на мејлови како да се допишувате преку некои други апликации како што е, на пример, ВатсАп.
Во новиот дизајн е предвидена можност мејловите да се испраќаат без отворање ново прозорче, што значително заштедува време, бидејќи сега морате да одите до крајот на пораката, да изберете дали ќе им одговорите на сите или само на испраќачот, и на дури крајот да го напишете својот одговор.
Наместо традиционалната опција за одговор на мејл, со редизајнот е предивдено облаче кое ќе го повикате со помош на поле кое ќе ви ги скрати маките. Исто така, предвидено е да изберете кому ќе му стада мејлот, како и да прикачите датотека, но сега сето тоа е на едно место.
Ако вие неопходно да го прочитате првобитниот мејл додека одговарате на него, тој ќе остане зад полето за типкање на пораката, исто како во секој друг чат.
Оваа опција и понатаму не е достапна за сите туку само за одредени корисници, бидејќи и понатаму е во тест фаза.