Исландските власти планираат да изградат одбранбени ѕидови околу геотермална централа во југозападниот дел на земјата поради загриженоста поради очекуваната вулканска ерупција.
Се додава дека се подготвува изградба на голем насип кој треба да го пренасочи протокот на лава околу електраната која ја снабдува целата земја со електрична енергија, пренесува Ројтерс.
Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа во текот на викендот на полуостровот Рејкјанес во близина на главниот град Рејкјавик, поради што властите во саботата евакуираа речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик. Вчера им било дозволено да се вратат дома и да си ги соберат работите.
Речиси 300 земјотреси се регистрирани денеска меѓу полноќ и пладне, што е помалку од претходните два дена, но ризикот од вулканска ерупција и понатаму е висок. Директорот на Нордискиот вулканолошки центар Рике Педерсен изјави дека помалиот интензитет на сеизмичка активност е вообичаен пред ерупцијата на вулкан. „Тоа никогаш не треба да се сфати како знак дека нема да има ерупција“, рече таа.