Десетици илјади демонстранти се собраа денеска во Вашингтон во близина на Националниот трговски центар на произреалскиот митинг „Марш за Израел“. Повеќето улици во центарот на американската престолнина се затворени поради зголемена безбедност.
Демонстрантите се собраа да го поддржат Израел во неговата војна против палестинската милитантна група Хамас, но и поради порастот на антисемитските инциденти во Америка од избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток.
„Ова е моментот кога треба да бидеме обединети за поддршка на Израел“, рече еден од демонстрантите. Организаторите побарале дозвола за собир на 60.000 луѓе, но израелските медиуми јавуваат дека на улиците на Вашингтон има околу 200.000 демонстранти.