Најмалку пет лица се повредени, меѓу кои и еден кој е во критична состојба, во терористички напад во источен Ерусалим, соопштија локалните власти.
„Полицијата соопшти дека тројца терористи се приближиле до контролен пункт во источен Ерусалим и отвориле оган“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Напаѓачите се неутрализирани, се наведува во соопштението.