Жените кои ја имаат оваа честа алергија никогаш не треба да практикуваат орален секс

Колку може да биде опасен оралниот секс? Доколку сте алергични на пеницилин и тоа како може да биде опасно. Една 31-годишна жена од Аликантеа во Шпанија итно била пренесена во болница откако во текот на оралниот секс добила анафилактички шок.

Докторите неколку часа размислувале за причината која го создала тој шок иако девојката уште на почетокот кажала дека е алергична на пеницилин, но дека не земала никаков антибиотик претходно.

Таа исто така открила дека гушењето настанало во текот на оралниот секс со нејзиниот сопруг, а откако неговата сперма завршила во нејзината уста повеќе не можела ни да дише.

Тоа што уште повеќе ги шокирало докторите е нејзиното признавање дека во претходните сексуални искуства вакво нешто никогаш не ѝ се случило.

Меѓутоа, според анализите се воспоставило дека нејзиниот сопруг претходно примил амоксицилин (друг вид на пеницили) заради воспаление на неговото уво.

Така докторите дошле до заклучок дека алергијата ја предизвикал пеницилинот кој по пат на спермата дошол до девојката.

Се верува дека ова е првиот случај во свет на анафилактички шок кој е предизвикан од орален секс.

Треба да знаете
Последни објави