Трибина на Филозофски факултет по повод Меѓународниот ден на студентите

По повод 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите, денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Студентите и студентскиот стандард”. Денот, како што наведува Филозофскиот факултет, се прославува во духот на студентската солидарност и посветеност кон знаењето.

Со видео обраќање студентите ќе ги поздрават премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Како што најавува Факултетот, за состојбата на струдентите, студентскиот живот и активностите кои ги спроведуваат институциите и организациите со студентите ќе разговараат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, проректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Лазo Пендовски, деканот на Филозофски факултет во Скопје, Ратко Дуев, Афрoдита Шаља, шефица на УНФПА, Митко Пиштолов, претставник на активностa на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, Ѓорѓи Тасев, соработник на претседателот на Влада за млади и младински политики, Марко Ѓоргиевски, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум, Мариана Ангелова, генерален секретар на Национален младински сојуз на Македонија и  Филип Марковски, в.д. претседател на Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет. На настанот ќе биде објавен текстот на Заложбата за подобрување на студентскиот стандард.

Треба да знаете
Последни објави