Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на Улпиана форумот во Приштина, на покана на заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала- Шварц.
Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати на панелот насловен „Миграција преку ангажманот на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“.