Регинот на Западен Балкан се соочува со обновени закани по стабилноста иако постои забележително придвижување за членство во ЕУ, заклучи панел што синоќа се одржа во Атлантскиот совет во Вашингтон.
Соговорниците се осврнаа на регионалните предизвици и можности за Западен Балкан во време на руската инвазија врз Украина.
Експертите од групата за советување за политиките на Балканот во Европа (BiEPAG) ги коментираа регионалните предизвици и можности во Западен Балкан, со фокус на политичките случувања во Босна и Херцеговина, дијалогот меѓу Белград и Приштина и можностите кои постојат за да се промовира стабилноста и безбедноста во регионот, но и одржување на Западен Балкан по европскиот пат.
Какви е влијанието на војната во Украина врз односот на ЕУ кон Западен Балкан? -Изненадувачки е колку малку тоа ја промени домашната политика, изјави Флоријан Бибер, експерт за Балканот од Универзитетот во Грац.
Според него, Босна и Херцеговина, Република Српска и Србија остануваат приврзани кон Русија и влијанието на Москва.
Доника Емини од „ЦивиКос“ истакна дека смета дека ова е можност Србија и Косово да најдат решение, но дека се случило спротивното: Србија се уште не е усогласена со меѓународната политика на ЕУ, остануваат истите но сега уште понагласени тензии.
-САД и ЕУ се занимаваат со шатл-дипломатија, но добивме многу слаб договор од Брисел, изјави таа.
Според Дамир Капиџиќ, професор од Универзитетот на Сараево, „агресијата во Украина ги засили поделбите во земјите од Балканот, на оние кои гледаат кон Исток, и оние кои се за Запад“.
Според Бибер во реалноста нема никакви последици поради непочитувањето на санкциите кон Русија од страна на Србија, туку напротив – пристигна најголемиот грант од ЕУ за Белград, иако не ги почитуваше санкциите.
За најновите вжештени релации меѓу Србија и Косово, аналитичарите сметаат дека дијалогот во Брисел ебез резултати.
-Треба да се примени притисок, порача Бибер и додаде дека стотици илјади луѓе кои протестираат во Белград “не се охрабрени од ЕУ или САД и никој од меѓународната заедница не истапи и кажа дека е во ред што овие луѓе бараат демократско уредување“.
-Проширувањето беше замрзнато до почетокот на војната во Украина, а сега постои политичка волја во ЕУ за проширување, смета тој. Со него се согласи и Марко Кмезиќ.
-Моментот е сега, а го немаше со децении.
Според него, во регионот има заробени држави каде доминира интересот на политичките елити, а ако „сакаме да видиме реформи, некои од тие лидери треба да завршат во затвор“.
Со помош на САД и ЕУ, и покрај предизвиците, може да се изнајдат модели за градење постабилен и побезбеден Западен Балкан, оценија учесниците на панелот.