Новиот пункт на МВР каде граѓаните без закажување ќе можат да се фотографираат за нови лични документи без закажување, ќе работи и во сабота и недела од 8 до 16 часот, информираат од Министерството.
Новиот пункт официјално беше отворен во вторникот.
Работното време на пунктот е од 8 до 18 часот, со можност за продолжување на работното време до 20 часот, и дневно може да бидат опслужувани 1000 граѓани по принципот „прв дојден-прв услужен“ кои се фотографираат во вкупно 12 кабини.