ОН: Израел ја користи водата како „воено оружје“

ОН соопшти дека недостатокот на гориво во Газа доведе до катастрофални последици, создавајќи кризи за вода, санитарни услови, здравствена заштита и комуникациски кризи за цивилното население.

„Израел мора да престане да ја користи водата како воено оружје“, рече Педро Аројо Агудо, специјален известувач за човековите права за безбедна вода за пиење и санитарни услови на ОН. Тој додаде дека лишувањето на цивилите од основните потреби со намера „уништување“, е чин на истребување и е класифицирано како злосторство против човештвото.

ОН проценува дека 70% од населението во Газа пие загадена вода.

„Секој час што минува додека Израел го спречува обезбедувањето на безбедна вода за пиење во Појасот Газа, што е безобразно кршење на меѓународното право, ги става жителите на Газа на ризик од умирање од жед и болести поврзани со недостаток на здрава вода за пиење“, рече Аројо Агудо.

Треба да знаете
Последни објави