Денешниот договор со Израел да дозволи 140.000 литри гориво во Газа на секои 48 часа следи по речиси двенеделниот притисок од САД, изјави висок функционер на Стејт департментот за NBC News, вклучувајќи ги и повиците од државниот секретар Антони Блинкен во кои тој предупреди на потенцијална хуманитарна катастрофа. САД очекуваше горивото да оди денеска, но испораката ќе биде одложена до утре поради проблем на египетската страна во позиционирањето на камионите.
САД постигна прелиминарен договор со Израел за планот за испорака на гориво преку преминот Рафа пред повеќе од една недела и чекаше воено гласање во Кабинетот. Сепак, висок функционер на Стејт департментот рече дека Израел продолжил да го одложува договорот, тврдејќи дека јужна Газа сè уште не останала без гориво и надевајќи се дека најпрво ќе дојде до договор за заложници.
Блинкен во средата го повика израелскиот виш советник Рон Дермер и јасно стави до знаење дека Израел не може повеќе да чека, предупредувајќи дека Газа е на работ на хуманитарна катастрофа. Вчера Обединетите нации предупредија дека недостатокот на гориво ја загрозува „целата архитектура на хуманитарниот одговор“ во Газа, а канализацијата сега тече по улиците. Вчера попладне, Блинкен му се јави на министерот Бени Ганц, повторувајќи дека Израел не може повеќе да се воздржува, дека договор за заложници може или не може да дојде, но чекањето дури една недела е предолго.
Околу 20.000 од литрите ќе бидат искористени за камионите на УНРВА кои вршат испорака на хуманитарна помош во Газа, како и за десолинизација, пумпање на бунари, пумпање отпадни води, депонирање на цврст отпад, пекари и болници на југот. Останатите 20.000 литри ќе бидат за генераторите што ги напојуваат мобилните комуникации, мобилните телефони и интернетот.