Меѓународниот кривичен суд доби барање за истрага на воените злосторства во Газа

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, денеска изјави дека добил заедничко барање од пет земји судот итно да отвори истрага за воени злосторства на палестинските територии.

Кан рече дека барањето го упатиле Јужна Африка, Бангладеш, Боливија, Коморите и Џибути.
МКС веќе ги истражува наводните воени злосторства извршени на палестинските територии од 13 јуни 2014 година.

Кан минатиот месец изјави дека неговата канцеларија има јурисдикција и за нападот на Израел од 7 октомври од страна на Хамас, како и за сите злосторства извршени од Израел како одговор на тој напад, вклучувајќи го и бомбардирањето на Појасот Газа.

Обвинителството соопшти дека досега собрало значителен број информации и докази за злосторствата на палестинските територии, вклучително и оние извршени од Палестинци.

Израел не е член на МКС и не ја признава неговата јурисдикција. МКС може да истражува државјани на земји кои не се членки во одредени околности, вклучително и случаи на наводни злосторства извршени на териториите на земјите-членки.

Палестинските територии се вклучени меѓу членките на МКС од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави