Некои области во Газа го обновија пристапот до интернет и телефонските услуги, откако една хуманитарна организација обезбеди итна испорака на гориво на најголемиот телекомуникациски провајдер во областа.
Телекомуникациите беа речиси целосно прекинати во Газа повеќе од 24 часа откако доминантниот провајдер во областа, Палтел, остана без гориво за генераторот.
Палтел на Фејсбук објави дека благодарение на пратката гориво од Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации, успеале да рестартираат некои услуги.
„Би сакале да објавиме делумно враќање на телекомуникациските услуги (фиксни, мобилни и интернет) во различни области во појасот Газа, откако е обезбедено ограничено количество гориво“, соопштија од Палтел.