Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници којшто се одржува во Скопје од 17-19 ноември, а чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Овогодинешниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат” и на истиот учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународни организации.
Учесниците на Самитот преку структурирани пленарни дебати имаат можност да дискутираат на теми поврзани со итни глобални прашања во градовите, како и теми од повеќе области каде што би се имплементирале нивните позитивни искуства и можностите за вмрежување на градските лидери.