Легендарниот Арсен Венгер пред неколку месеци претстави ново правило за офсајд. Толкувањето на новото правило вели дека напаѓачот е во недозволена позиција само доколку со цело тело се најде пред последниот одбранбен играч. Ова револуционерно правило би можело да започне да се применува од сезоната 2024/2025.
Легендарниот француски стручњак во ФИГА е задолжен за развој на фудбалот.
Правилото предложено од Венгер ќе ги фаворизира напаѓачите, што може да донесе повеќе голови на натпреварите.
Правилото е веќе тестирано во неколку наврати, ИФАБ ќе го разгледа неговото воведување на состанок на почетокот на годината. Доколку биде усвоено ќе започне да се применува од следната сезона.