Унгарија разви „европски контра-модел“ заснован на принципите на нулта миграција, економија заснована на работа, целосна вработеност, силни семејства, ниски даноци и „разумна зелена транзиција“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на 30. конгрес на владејачката партија Фидес.
Орбан оцени дека Французите, Германците и Италијанците ќе дадат, како што наведе, „половина живот“ за повторно да имаат земја без мигранти.
Орбан рече дека унгарската политика „нулта миграција“ гарантира дека само оние на кои им е дозволен влез можат да бидат на унгарска територија.
„Унгарија во моментов е најбезбедната земја во Европа, што е особено јасно во светло на протерористичките конфликти на улиците во Западна Европа“, рече Орбан.
Орбан денеска беше реизбран за претседател на Фидес, на 30-от конгрес на таа владејачка партија.
Конгресот ги избра Габор Кубатов, Силард Немет, Лајош Коса и пратеникот во Европскиот парламент Кинг Гал за заменици лидери на партијата, пренесе агенцијата МТИ.