Околу 170.000 луѓе денеска маршираа низ улиците на Мадрид на најголемиот протест досега против закон за амнестија на каталонските сепаратисти што го договорија социјалистите со сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање нова влада.
Демонстрациите се случија два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои четиригодишен мандат со поддршка на каталонските и баскиските националистички партии во замена за согласност за законот за амнестија.
Амнестијата ќе опфати околу 400 луѓе кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија која кулминираше со референдумот за независност во 2017 година.