Илјадници членови на семејствата и поддржувачи на околу 240 заложници кои ги држи хамас во Газа денс влегоа во Ерусалим, осудувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради неговото справување со војната со Хамас и молејќи ја владата да стори повеќе за да ги врати нивните најблиски дома, објави НБЦ њуз.
Маршот претставуваше најголем протест во име на заложниците откако од Хамас беа киднапирани и однесени во Газа на 7 октомври како дел од смртоносниот напад на милитантите во јужен Израел. Околу 1.200 луѓе беа убиени во Израел на денот на ненадејниот напад на Хамас.
Некои од заложничките семејства рекоа дека стравуваат дека воената офанзива ги загрозува нивните најблиски. Израелските лидери, пак, тврдат дека само воениот притисок врз Хамас ќе доведе до ослободување на заложници во можен договор кој вклучува привремен прекин на огнот.
Учесниците на маршот носеа израелски знамиња и фотографии од заложниците додека го завршуваа 70-километарското пешачење до Ерусалим и полека се собраа пред канцеларијата на Нетанјаху.
Една од мајките, чиј син го држи Хамас како заложник, рече дека ќе оди со остатокот од толпата, ако е потребно, дури и пеш во Газа и дека нема да се откаже од своите деца, објави „Тајмс оф Израел“.
Околу 30.000 Израелци им се придружија на членовите на семејствата на заложниците за време на петдневниот маршот од Тел Авив до кабинетот на премиерот во Ерусалим, соопштија организаторите на протестот.
Опозицискиот лидер Јаир Лапид им се придружи на маршот во близина на Ерусалим.
Кога демонстрантите влегле во Ерусалим, ги пречекале жителите на градот кои држеле жолти балони со зборовите „Донеси ги дома“.
По завршувањето на протестот, семејствата се очекува да се вратат во Тел Авив и да се сретнат со министерот за воен кабинет Бени Ганц и министерот Гади Ајзенкот.