Шпанија вчера во квалификациски натпревар од грушпата за пласман на фудбалското ЕП-2024 ја победи Грузија со 3:1. Натпреварот немаше резултатско значење, а тешка повреда заработи младиот Гави (19 г.) од редовите на Барселона.
Во однос на претходниот натпревар против Кипар дури деветмина репрезентативци добија одмор, но не и Гави. Селекторот Де Ла Фуенти изјави дека Гави е во одлична кондиција и затоа ќе игра и против Грузија.
Во Барселона, менаџментот и стручниот штаб не го разбираат овој потег на селекторот. Прашуваат зошто Гави мораше да биде стартер кога можеше да добие одмор со оглед на густиот распоред во текот на сезоната.
Најважниот фактор за повредата на Гави можеби е тоа што две минути пред да се повреди, противнички фудбалер жестоко стартуваше врз неговото колено. Поради оваа повреда Гави сигурно нема да игра до крајот на сезоната и на Европското првенство, а не е исклучена можноста да не биде во комбинација и за стартот на новата сезона.