Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ признава дека со национализмот ги бркаат младите од Македонија
„Ние трчајќи по национална еуфорија, голем дел од регионите во Македонија ги испразнивме. Наместо да се фокусираме кон економија, подобро образование и здравство и кон квалитетен живот, сите ако се фокусираме кон ваква еуфорија, национална и да ветуваме и да бараме“ рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоршија Сајкоски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој во неговото гостување, случајно или не, како да призна дека во предизборите се заострува и потенцира ваквата реторика и како што рече, еуфорија.
„Јас жалам зошто е тоа така. Ние треба да понудиме подобра економија на граѓаните за да ги задржиме тука, бидејќи никој не оди од тука во Германија за да има подобра химна или да има застапеност од не знам колку посто и каде“ рече Сајковски.
Партијата на Сајковски, ВМРО-ДПМНЕ е партија која е препознаена по употреба на национални и националистички теми во изборни партиско-политички цели.