Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека верува оти е блиску договорот за заложниците меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
„Верувам дека е така“, рече Бајден накратко, одговарајќи на новинарско прашање дали е блиску договорот за заложниците.
Сè повеќе медиуми пишуваат за можна размена, со посредство на Катар, на жените и децата кои ги држат Хамас и израелските затвореници.
Договорот, наводно, ќе вклучува еднодневна пауза во борбите.