Ахмети: Телма, Мелма и Алфа се непријатели на Албанците кои аплаудираат на нашите поделбите во ДУИ

Некогаш во силнте партиски говори политичарите кажуваат работи кои се сосема непотребни и избрзани, а кои потоа можат да им нанесат и поголеми штети.

Па така, на лидерот на ДУИ му се испушти дека телевизиите Алфа и Телма се непријатели на Албанците.

Ова го прнесува ТВ 21.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера држеше говор во Гостивар. Тој ги коментираше поделбите во партијата, и кажа дека овие поделби им служат само на непријателите на Албанците.

„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави