Зошто авионите имаат кружни прозорци?

Авионите имале четвртести прозорци сè до страшните несреќи по кои експертите дошле до важни сознанија.

Можеби и не сте се прашувале, но нели би било поубаво доколку од авионите гледате низ четвртести прозорци и така би уживале „од небото“ без да мора да се наведнувате и „ѕиркате“ низ прозорците со кружен облик?

Веројатно одговорот е „да“, но некогаш одамна би можеле да уживате во таков поглед сè додека во 1953 година не се случила страшна несреќа во која починале 56 лица.

Токму вината за таквата несреќа биле четвртестите прозорци поради кои авионите се распаднале во воздухот.

Имено, четирите агли од таквите прозорци биле слабата точка затоа што не го поднесувале добро притисокот којшто се појавувал во висините. Истрагата покажала дека 70 отсто од оштетувањето поради притисокот главно се наоѓа во аглите од прозорците.

Поради тоа воведени биле кружните прозорци кои поради својот облик рамномерно го распоредуваат сиот притисок и многу се поцврсти од првите варијанти.

Попрецизно објаснувањето гласи дека кружните дупки во тенкиот труп од авионот се подобри поради структурата и помалата подложност на кршење. Пукнатините од притисокот можат да доведат до експлозивни декомпресии и да ја уништат цела структура.

Некои од авионите имаат овални прозорци поради тоа што кружните бараат дополнителен простор, па со вертикално продолжување може да се добие поголема површина.

Затоа ќе се помириме со ѕиркањето низ мали прозорци и повремената расправа со сопатниците околу тоа кој ќе има подобар поглед во текот на летањето, сè додека знаеме дека тие се токму тука со причина.

Треба да знаете
Последни објави