Германија воведува наплата на кауција за многу производи во пластичи шишиња и лименки

Според германските медиуми, од 1 јануари во Германија драстично ќе се зголеми бројот на производи за кои ќе треба да се плати кауција за амбалажата.

Новата регулатива се однесува на пијалоците со содржина на млеко од најмалку 50 отсто, како и на јогуртот и кефирот што се нудат во пластични шишиња, пренесува „Феникс магазин“.
Германските медиуми пишуваат дека депозит ќе мора да се плати и за производите од млечна мешавина на марките на трговците на мало: „Алди“, „Лидл“, „Рев“. Но, за млекото во пластични шишиња нема да се наплаќа куција.

Кауцијата од 25 центи ќе се наплатува за пластични шишиња за еднократна употреба, но и за конзерви со овошни сокови, за шишиња со минерална вода, изворска вода, енергетски пијалоци, пиво и мешани пијалоци од пиво (со и без алкохол), јаболковина (пенливо јаболково вино), вино и мешано вино, пијалоци од чај и кафе ако се пијат ладни (како ледени чаеви) и слично.

За да ја вратат кауцијата, купувачите ќе треба да донесат празна амбалажа, а трговците ќе мора истата да ја прифатат и да вратат кауција од 25 центи, дури и ако пијалоците се купени во друга продавница.

Враќањето на жкауцијата не е поврзано со ново купување – предупредуваат од центарот за советување потрошувачи.

Треба да знаете
Последни објави