Американски воен авион на Хаваи слета во морето наместо на пистата

Авион на американската морнарица кој леташе на дожд, ја прелета пистата во воена база на Хаваи и слета во заливот, соопштија денеска локалните власти.

Во авионот имало девет лица, но нема повредени.

Портпаролот на морнарицата Орландо Перез изјави дека нема информации за тоа што го натерало P-8A да се излизга од пистата во базата на Маринскиот корпус на Хаваи.

Авионот P-8A често се користи за надзор и собирање разузнавачки информации.

Воената база на Маринскиот корпус се наоѓа на 16 километри од Хонолулу, на островот Оаху, и во неа се сместени околу 9.300 војници и 5.100 членови на семејството.

Се наоѓа во заливот Канеохе, познат по своите корални гребени и Институтот за истражување на морска биологија на Универзитетот на Хаваи

Треба да знаете
Последни објави