УЕФА го казни ПСЖ со 98.000 евра

УЕФА го казнија францускиот шампион ПСЖ со 98.000 евра поради инцидентите кои се случија за време на неодамнешниот натпревар против Милан во фудбалската Лига на шампионите.

„Светците“ го добија (3:0) овој меч одигран на 25 октомври на „Паркот на принцовите“, а казнети се со 75.000 евра за употребата на чадни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра и поради влегувањето на навивачите на теренот. Дополнително се наведува и дека стадионот на ПСЖ ќе биде делумно затворен на еден натпревар во европските натпреварувања, но таа казна е условна за период од две годони.

Казна доби и Милан, кој ќе мора да плати 20.000 евра поради нереди меѓу своите навивачи и уште 3.000 за фрлени чадните бомби.

Треба да знаете
Последни објави