Диносаурусите можеби биле изумрени пред повеќе од 65 милиони години, но научниците сугерираат дека тие сè уште би можеле да постојат на други планети.
Истражувањето објавено во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society сугерира дека диносаурусите не само што веројатно се наоѓаат на други планети, туку и дека можеме да ги најдеме, објави Гаридиан.
Студијата сугерира дека ако научниците истражувале соединенија кои моментално не се на Земјата, но кои биле наоколу во времето на диносаурусите, тогаш тоа може да даде некои резултати.
Еден клучен елемент за кој научниците веруваат дека може да го отклучи она што би било револуционерно откритие е кислородот. Нивоата на кислород на Земјата во моментот се околу 21 отсто, но за време на диносаурусите тоа беше повисоко и изнесуваше 30 отсто. Ова, теоретски, им овозможи на диносаурусите да доминиаат и да владеат со планетата милиони години.
Студијата сугерира дека ако може да се откријат слични нивоа на кислород на далечните планети, тогаш условите би можеле да бидат соодветни за постоењена диносаурусите.
Коавторката на студијата, Лиза Калтенегер, рече: „Лесниот отпечаток на модерната Земја беше наш образец за идентификација на потенцијално населиви планети, но имаше време кога овој отпечаток беше уште поизразен – подобар во покажувањето знаци на живот“.
Таа додава: „Ова ни дава надеж дека можеби е малку полесно да се најдат знаци на живот – дури и голем, сложен живот – на друго место во космосот“.
Една индиција која би можела да го отклучи ова откритие што го бараат научниците се знаците на фазата на Фанерозоик на планетата што ќе им овозможи на суштества како диносауруси да еволуираат.
Водечкиот автор на студијата, Ребека Пејн од Универзитетот Корнел, рече: „Фанерозоикот е само 12 отсто од историјата на Земјата, но го опфаќа скоро целото време во кое животот бил покомплексен од микробите и сунѓерите. Лесни отпечатоци од прсти се она што би го барале на друго место доколку барате нешто понапредно од едноклеточен организам“.
Ако се успешни во пронаоѓањето на овие услови на други планети, тогаш Калтенегер верува дека тоа би можело да доведе до откривање на диносауруси кои никогаш не биле пронајдени на Земјата.
„Се надеваме дека сега ќе најдеме некои планети кои имаат повеќе кислород од Земјата, бидејќи тоа ќе ја олесни потрагата по живот“, рече таа. „И, кој знае, можеби има други диносауруси кои чекаат да бидат пронајдени.