На 29.05.2019 година во 11.15 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 508″ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(54) од Скопје и мотоцикл „БМВ” со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(41) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот и му била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.