Сеул: Северна Кореја успешно лансираше шпионски сателит

Северна Кореја успешно лансираше шпионски сателит, соопшти денеска Јужнокорејската разузнавачка служба.

„Националната разузнавачка служба утврди дека лансирањето на шпионскиот сателит било успешно и дека тој е поставен во орбитата.

Во лансирањето воен шпионски сателит помош на Северна Кореја и пружи Русија“, изјави пратеникот Јо Санг-бум, цитирајќи го соопштението на разузнавачката агенција.

Јужнокорејската разузнавачка служба потврди дека „по самитот“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во септември, „Северот и доставил на Москва план и податоци за првото и второто лансирање на сателити“.

Русија ги анализираше податоците и ги пренесе повратните информации до Северна Кореја, изјави јужнокорејски пратеник на денешниот брифинг. 

Треба да знаете
Последни објави