Извлечени двојките за плејофот во Лигата на нации за пласман на ЕП!

Репрезентацијата на БиХ доби голема можност за историски пласман на завршницата од фудбалското ЕП 2024 чија завршница ќе биде во Германија, откако на денешната ждрепка на двојките за плејофот од Лигата на нации добија можност полуфиналната средба и евентуалното финале да ги играат на домашен терен.

БиХ во доигрувањето од Б сегментот за противник ќе ја имаат Украина, а победникот од овој дуел ќе игра со поуспешниот од дуелот Израел и Исланд.

Во А сегментот Велс ќе ги одмери силите со Финска, додека Полска ќе се сретне со Естонија, победниците од овие пресметки ќе се сретнат во финалето.

Полуфиналните двојки од Ц лигата ќе бидат Грузија – Луксембург, односно Грција – Казахстан, додека во финалето домаќин ќе биде победникот од средбата помеѓу Грузија и Луксембург.

Треба да знаете
Последни објави