Барање за извинување или нова тужба е исходот од новата пресконференција на Ковачки. Министерката Петровска со официјален допис се обрати медиумите со барање за јавно извинување на пратеникот.
“Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска до пратеникот Драган Ковачки упати барање за извинување за лагите што ги изнесува за наводниот секс-скандал и наводното прикривање од страна на министерката. Доколку тој во рок од 48 часа од приемот на Барањето не се извини ќе му биде поднесена тужба за клевета.” беше испратено во официјален допис од министерството.
За потсетување Петровска и Ковачки се на суд за наводната “Хациенда” која таа ја поседувала.