Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Водостоите на сите реки во државава се под просекот за месец мај. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.

Според денешните мерења на УХМР, водостојот на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е во рамки на просекот.

Треба да знаете
Последни објави