Неколку корисници на социјалната мрежа Х (екс Твитер) денеска објавија содржина во која наведуваат дека градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, неодамна бил физички нападнат.
Сега веќе на јавноста и е малку појасно, зошто градоначалникот Максим се криеше 5 дена од неа. На лекување бил 😌 https://t.co/udArEmssQO
— Ава (@AvaOdBolivud) November 24, 2023
Корисниците споделуваат фотографии од Димитриевски со лузна на челото, но и извесна медицинска белешка на која се наоѓаат идентично име и презиме на кумановскиот градоначалник а каде се наведува дека тој бил удрен со метален предмет.
Што се случува со Максим? Каде беше 5 дена, надвор од очите на јавноста? Има ли наплата на некои сметки??? pic.twitter.com/QgdLAzMOZK
— Пензионерот (@Penzionerot) November 23, 2023
„Што се случува со Максим? Каде беше 5 дена, надвор од очите на јавноста? Има ли наплата на некои сметки???“ прашува еден од корисниците на мрежата Х.