Австралија е првиот финалист на Дејвис купот

Австралиските тенисери се пласираа во финалето на Дејвис купот, откако вечерва во првото полуфинале ја совладаа Финска со 2:0.

Најпрвин Алексеј Попирин го совлада Ота Виртанен со 7:6 (7:5, 6:2), а потоа Алекс де Минор го надигра Емил Русувори со 6:4, 6:3.

Утре во второто полуфинале ќе се сретнат Србија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави