На атинското пристаниште откриени 91 килограм кокаин во контејнер со банани 

Во контејнер со банани во брод што пловел под знаме од Либерија, а во Грција пристигнал од Еквадор, биле пронајдени и запленети 91 килограм кокаин, во вредност од околу четири милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција денеска соопштија дека бродот што легално пренесувал банани, пристигнал на 13 ноември, а следниот ден била извршена контрола и откриен кокаинот спакуван во 80 пластични пакувања.

Во следните денови биле проверени уште 16 контејнери поврзани со оној во кој бил скриен кокаинот, но не било пронајдено ништо сомнително.

Треба да знаете
Последни објави