Транспортен брод во сопственост на израелски милијардер бил нападнат од иранско беспилотно летало Шахед во меѓународни води во Индиски Океан, изјави неименуван американски воен претставник.
Бродот е оштетен, но во инцидентот нема жртви.
Бродот е во сопственост на компанијата „Истрн Пацифик Шипинг“ (Eastern Pacific Shipping) со седиште во Сингапур, чиј сопственик е израелскиот милијардер Идан Офер.